| четврток, 6 декември 2018 |

Таа е една од најпосакуваните манекенки, но и најскржава (Фото)

Манекенката Кендал Џенер тврди дека му дала бакшиш на шанкер во локалот Baby’s All Right во Бруклин, што го посетила, но трговскиот објект пушти на „Инстаграм” слика на сметката и напиша „Не заборавај да му дадеш бакшиш на шанкерот”.

Барот пушти слика на сметката на Џенер во вредност од 24 долари. Џенер не отстапи и тврдеше дека дала бакшиш во готово, иако сметката била платена со картичка.

Кендал си призна дека сака да си јаде хамбургери на различни места, кои ѝ се препорачани од пријатели, вклучувајќи и од Џиџи Адид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top