| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: Радиодифузерите да ги утврдат ценовниците за политичко рекламирање до 11 август

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека  најдоцна до 11 август 2017 година сите радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) се должни да ги утврдат ценовниците за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес, согласно со Изборниот законик кој за тоа има одредено рок од пет дена од денот на распишување на изборите.

– Во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите, најдоцна до 11 август 2017 година, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) се должни ценовниците да ги достават до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата, а радиодифузерите да ги достават до Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупција, наведува ДИК.

Во периодот од утврдување на ценовниците до започнување на изборната кампања, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) се должни најмалку двапати јавно да ги објават ценовниците на своите програми, односно во своите изданија, и тоа во период од 11 август до 25 септември 2017 година.

– Согласно Изборниот законик, утврдените ценовници не смеат да се менуваат во текот на изборната кампања, посочува ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top