Во ненајавена и речиси тајна посета денеска во Македонија пристигнал еврокомесарот за Проширувае на ЕК Штефан Фуле. Тој во текот на денот имал средби со Претседателот Иванов, Премиерот Груевски и со лидерот на СДСМ Црвенковски. Извори од неколку партии потврдуваат дека високиото европски претставник е во Скопје но не прецизираат за што точно се разговарало. Според информациите на „Република“ една од темите е политичката стабилност во земјата по бојкотот на институциите од страна на опозицијата кој продолжи и по вчерашната лидерска средба а втората е прашањето за името и односите со Грција и Бугарија од што најмногу ќе зависи извештајот што веќе го подготвува Комисијата во пресрет на Јунскиот самит. Фуле од домаќините побарал објаснување и за вчерашната изјава на Црвенковски според која доколку опозицијата не ги добие бараните услови таа нема да учествува на локалните избори и нема да поддржи никакво решение за името доколку биде постигнат договор со Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст