| четврток, 6 декември 2018 |

Баба прегази тројца, нагазила погрешна педала

Постара жена прегази група луѓе пред клиника во јужниот дел на Стокхолм, откако место кочница згазила на гас, соопшти шведската полиција. Полицијата била повикана во 13 часот кога бабата со автомобилот удрила во групата.
Три лица се пренесени во болницата со сериозни повреди, потврдија службите за итна помош.
Бабата е на возраст од повеќе од 80 години.

„Се работи за постара жена, родена 1933 година, која притиснала погрешна педала и удрила во тројца луѓе. Не е терористички акт или нешто слично“, вели еден полицаец.

Кога пристигнала полицијата, бабата била на местото на инцидентот. Спроведена е истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top