| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени двајца, продавале фалсификати на брендовите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед

Денеска околу 12 часот на плоштад Македонија приведени се две лица, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Двете лица се приведени во полициската станица Центар поради продажба и дистрибуција на неавторизирана стока со брендови на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Од страна на пазарна инспекција ќе им биде поднесена прекршочна пријава согласно Законот за трговија по член 2 став 2 вршење дејност без регистрирано правно лице, велат оттаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top