Француските весници „Хуманите“ и „Либерасион“, неделникот „Експрес“ и телевизијата ЛЦИ, во ист ден објавуваат анализа за грчко-македонскиот спор за името стар речиси три децении.
Еужен Барбеза од „Хуманите“ прашува уште во самиот наслов од својот текст, дали „се оди кон крај на раздорот околу Македонија?“. Додека „Експрес“ насловува „Македонија изгледа е решена да ја затвори бесконечната дебата за името“ и Грција изгледа дека не се спротиставува на тоа. Ова по четврт век на спор „кој виден од другите земји, изгледа како бурлеска“.
Двата француски медиума потсетуваат на историјата на спорот за името, кој настана со прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година. И „Хуманите“ и „Експрес“, притоа нагласуваат дека спорот за името почна во 1992 година со демонстрациите на еден милион луѓе -1/10 од грчкото население-на улиците на Солун.
Во 2016 година, министерот за миграции Јанис Музалас беше под закана на оставка откако тој на грчката телевизија ја нарече земјата „Македонија”, зборувајќи за соседот. По ова Музалас мораше да се извини формално „за грешка што не ја одразува неговата позиција и убедувања за ФИРОМ”.
Минатата недела, повторно, грчката женска ракометна селекција беше санкционирана, откако одби да игра, како дел од Европското првенство против екипата која на дресовите го носеше името Македонија.
„Според договорот (ОН) од 1995 година Македонија може да припаѓа на големите федерации под привременото име“, потсетува грчкото Министерство за надворешни работи.
Македонската страна, предводена од поранешниот премиер од десницата, Никола Груевски, исто така, додаде во национализмот.
Во 2006 година скопскиот аеродром беше именуван „Александар Велики”. Во 2011 година, беше изграден монументален споменик во Скопје на „Воинот на коњ“ статуа, која, се наведува, не мами никого, особено што една година подоцна властите инаугурираат џиновска статуа на Филип Втори Македонски.
„По промените на власта во Македонија новиот социјалдемократски премиер на Македонија, Зоран Заев, изрази волја да се надмине спорот за името на неговата земја веднаш по неговиот избор во јуни, по што беше воспоставена агенда на билатерални средби со Атина“, пишуваат француските весници и агенцијата АФП.
Тие констатираат „промена на тонот со Зоран Заев“. Наведуваат дека веднаш по неговиот избор тој оцени дека неговата земја би можела привремено “да стане членка на НАТО под името ПЈРМ.”
Тој имаше телефонски разговор со својот грчки колега Алексис Ципрас. Весниците пососчуваат и дека македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров беше во Атина на 14 јуни, а неговиот грчки колега Никос Коциас доаѓа во Скопје кон крајот на август.
Постои „извесна мобилизација”, вели еден грчки дипломатски извор за АФП, истакнувајќи дека има „знаци” на добра волја во Скопје. Но, дека сега „треба да се почекаат дела“.
„Грција може да остане во истата положба и два века. Ние мора да најдеме решение за деблокирање на процесот на интеграција во НАТО и во ЕУ, се цитира изјава на висок функционер на СДСМ кој побарал да остане анонимен.
Истиот извор притоа предупредува дека во оваа мала, кревка земја, ќе треба да се најде политички „консензус” за да се поддржи изборот на „референдум”.
„Прашањето е: која е цената да се влезе во клубот“, резимира Тони Дескоски, професор по право во Скопје.
Францускиот печат наведува дека во текот на разговорите се појавија повеќе имиња „Северна Македонија“, „Нова Македонија“ или Македонија „Вардарска“, именувана по реката што минува низ земјата, но исто така и низ грчка Македонија под името Аксиос.
„Актуелната грчка Влада сѐ уште не даде никакви предлози. Таа очекува продолжување на преговорите за да ја открие својата игра. Во 2007 година, тогашната влада, предложи име со географски префикс“, завршува францускиот печат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст