| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка кражба во Тинекс

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Х. (38) од Скопје, за сторено  кривично дело „тешка кражба“.

Осомничениот скопјанец пред три месеци, на 11 мај, во раните утрински часови помогнат од непознато лице дошол пред дирекцијата на Лукоил на Партизански одреди, веднаш до пазарчето Буњаковец, па во ходникот од зградата ја отворил вратата која води до магацинскиот простор на продажниот објект на „ТИНЕКС“ и украл трговска стока во вредност од околу 59.645 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top