Краткотраен дожд со грмежи, особено во јужните делови од земјата се очекува денес и утре во попладневните часови, најави УХМР.
До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Македонија ќе биде во портокалова фаза во однос на опасноста од висока температура.
Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура сè уште ќе биде висока.
Преку ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд проследени со ретки грмежи.
Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали и се очекува да достигне од 25 до 32 степена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Искористете го викендов, од вторник голема промена на температурите
-
Не очекува нагла промена на времето: Внимавајте на мачнини, болки во коските, несоница и нервоза
-
Вонредна прогноза од УХМР: Снег и нагло намалување на температурите
-
Ветерот носи убаво време: Ова се очекуваните температури за наредната недела