| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа барање до Антикорупциска комисија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска до Државната комисија за спречување на корупција поднесоа барање за мислење по однос на примената на член 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик.

-Собраниската седница на која се расправа за разрешувањето на Јавниот обвинител започната на 05.07.2017 година сеуште е во тек, тоа е во спротивност со член член 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик според кој од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори за градоначалник или членови на советот, односно до конституирање на советот на општините и градот Скопје, не може да се започне со постапка за вработување на нови лица или постапки за престанок на работен однос во државни и јавни институиции, а воедно започнатите постапки се ставаат во мирување освен во случај на итни и неодложни работи. Очекуваме Државната комисија за спречување на корупција во најбрзо време да се произнесе за нашето барање, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top