| четврток, 6 декември 2018 |

Се шири епидемија меѓу атлетичарите во Лондон, фаворитите откажуваат настап

Голем број атлетичари на Светското првенство (СП) во Лондон се пожалија на големи болки во желудникот, а Исак Маквала мораше да го откаже својот настап во квалификациите на 200 метри, исто како и Ирецот Томас Бар.

На болки се пожали и атлетичарот од Боцвана, чија специјалност се трките на 200 и на 400 метри, на труење со храна. Организаторот на атлетскиот мундијал објави дека исти проблеми имале и многу соработници кои се хранале во службниот хотел на СП.

 – Станува збор за труење со храна и на сите им е пружена лекарска помош. Реагиравме најдобро што можеме со цел да не ескалира ситуацијата кај другите атлетичари – пишува во соопштението на организаторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top