Голем број атлетичари на Светското првенство (СП) во Лондон се пожалија на големи болки во желудникот, а Исак Маквала мораше да го откаже својот настап во квалификациите на 200 метри, исто како и Ирецот Томас Бар.
На болки се пожали и атлетичарот од Боцвана, чија специјалност се трките на 200 и на 400 метри, на труење со храна. Организаторот на атлетскиот мундијал објави дека исти проблеми имале и многу соработници кои се хранале во службниот хотел на СП.
– Станува збор за труење со храна и на сите им е пружена лекарска помош. Реагиравме најдобро што можеме со цел да не ескалира ситуацијата кај другите атлетичари – пишува во соопштението на организаторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст