Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје најавува дека наскоро излегуваат од печат книгите на Ана Бучевиќ, најдобрата, најпопуларна, највлијателна и најчитана мотивациска говорничка и авторка на просторите на поранешна Југославија. Нејзината работа во оваа област секојдневно влијае позитивно на милиони луѓе од овие простори, а нејзините книги се вистински бестселери.
Првата книга што ќе имаат можност да ја прочитаат македонските читатели е „Сафари на духот – книга за мудроста на воспитувањето деца“, најчитаната книга за воспитувањето во Хрватска, а и пошироко на Балканот. Книгата од 10 август ќе биде во продажба во книжарницата на „Антолог“.
Програмата „Сафари на духот“, од чии активности и произлегла оваа книга, се заснова на развивање на основните животни вредности. Методите ги потсетуваат децата и родителите на силата на благодарноста, емпатијата, самодовербата, самосвеста, чувствата, пофалбите и почитта, како и на многу други вредности.
Со „Сафари на духот“ се развива емоционалната интелигенција на детето и им се помага на родителите со својот пристап и методи да му помогнат на детето да го искористи и да го изрази целиот свој потенцијал. Ана и денес води работилница за деца и за родители, училиште за родители и советувалишта.
Ана Бучевиќ е родена во 1978 година во Сплит. Мајка е на дванаесетгодишната Ани и на двегодишниот Лукас. Во 2003 година дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Сплит, Хрватска, а по занимање е професор по кинезиологија. Свесна дека да се биде професор значи да се биде и воспитувач, а и свесна за важноста на емоционалната интелигенција за среќен и успешен живот, во 2009 година се насочила на развојот на тој вид интелигенција кај децата и истата година започнала соработка со приватно основно училиште, како и со Центарот за личен развој, во кој го почнува проектот „Сафари на духот“, одобрен од Министерството за образование, наука и спорт на Република Хрватска. Две години работела како уредничка и водителка на едукативната телевизиска емисија „Сафари на духот“ на регионалната телевизија. Пишувала колумни за неколку хрватски портали.
Во 2011 година ја објавила „Сафари на духот – книга за мудроста на воспитувањето деца“, која воедно е и најпродаваната книга за воспитувањето во Хрватска. Во 2012 година почнала активно да работи како мотивациски говорник со цел да ја подигне свеста за дејството на Законот на привлекувањето врз животот на поединците, т.е. да ги потсети луѓето на нивната способност за креирање на сопствениот живот. Досега одржала преку 30 семинари во целиот регион и мотивиралa илјадници луѓе, кои најдобро сведочат за успешноста на нејзината работа.
Во 2015 година jа издала својата втора книга, „Во вортексот на остварените желби“, која, исто така, стана бестселер. Во 2015 година станала и коосновач за Хрватска на академијата „BigU“, меѓународна едукациска онлајн-платформа со најпознатите светски предавачи на подрачјето на деловниот и личниот развој. Во 2017 година jа издала својата трета книга, „Што (не) е љубов“.
Ана Бучевиќ е активна и на каналот „Сафари на духот“ на „Јутујуб“, на кој речиси секојдневно објавува мотивациски видеа. Каналот во моментов има повеќе од 17 милиони прегледи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст