Лажна вест е дека државата ќе гради станови за бегалците и дека тие ќе останувале во Македонија, соопштија од министерството за труд и социјална политика.
„Во Република Македонија нема да се градат кампови за бегалци, нема да се даваат државјанства за бегалци, ниту пак ќе се активираат некои други мерки во таа насока.
Секоја информација во поинаква насока е лага, неточна и невистинита.Република Македонија е држава која е транзитна станица на бегалците, и во минатото, и во бегалската криза од 2015/16 година. Kако земја членка на Обединетите Нации, нашата земја ќе им помогне на бегалците на нивниот пат кон крајните дестинации, согласно меѓународните стандарди и ратификуваната Конвенција за правата на бегалците од 1994 година.
„Предлог-стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027“’ е продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009-2015 година, донесена од претходната влада на ВМРО ДПМНЕ. Документот нема никакво обврзувачко дејство и тие кои во минатото ја потпишале оваа стратегија го знаат овој факт.
И во оваа прилика ги осудуваме дезинформациите и наменското ширење страв и ксенофобија кај граѓаните“, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст