| четврток, 6 декември 2018 |

Чикаго ќе ја тужи администрацијата на Трамп

 Градот Чикаго ќе поднесе тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради закани дека ќе укине одредени федерални средства за градови што даваат прибежиште на илегални имигранти.

– Чикаго нема да дозволи основните права на неговите граѓани да бидат изолирани и прекршени. И Чикаго никогаш нема да се откаже од својот статус на град што дава добредојде, изјави Рам Емануел, градоначалник (демократ) на Чикаго. Тој најави тужба многу брзо.

Секретарот за правда Џеф Сешнс изјави дека ќе бидат запрени грантовите за градови што не прифаќаат барања во врска со имиграцијата.

Заедниците како „градови прибежишта“ се оние што одбиваат да соработуваат со федералните власти во барањата да држат во притвор странски државјани уапсени поради обвинувања што немаат врска со нивниот имиграциски статус се додека припадниците на имиграциските служби не ги преземат и евентуално депортираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top