Некој „многу паметен“ во УЕФА одлучил натпреварот од европскиот Супекуп помеѓу Реал мадрид и Манчестер Јунајтед да се игра во Скопје, и тоа утре, 8-ми август, со почеток од 20:45 часот, пишува хрватскиот портал „Индекс“ во пресрет на утрешниот меч.
Според порталот, одлуката Суперкупот да се игра во Скопје во текот на летната жега е „доказ за елементарна неукост и лошо планирање“.
„Дури и и најповршните познавачи на климатските прилики знаат дека Македонија во овој период од годината е пекол на земјата. Инаку прекрасна земја, која во текот на летотo паметно е да се избегне“, пишува Индекс.хр.
Според порталот, тоа се покажало и денеска, кога температурата во Скопје изнесувала 40 степени, додека за утре за време на одигрувањето нa натпреварот се очекуваат 35 степени, без оглед на тоа што се играло во вечерен термин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст