| четврток, 6 декември 2018 |

Се активира вулканот Богослов на Алјаска


Ерупцијата на вулканот Богослов создала облак од пепел кој би можело да го загрози авионскиот сообраќај.

Пилотот на еден авион пријавил дека видел облак од пепел на височина од 9.750 метри. Облаците од пепел над висина од 6.100 метри можат да им наштетат на авионите кои летаат на рутата меѓу Азија и Северна Америка.

Од опсерваторијата соопштуваат дека сеизмичките и инфразвучните податоци укажуваат дека исфрлањето на пепел би можело да продолжи и после почетната ерупција.

Вулканот Богослов, кој се наоѓа на 1.400 километри југозападно од Енкориџ, најголемиот град на Алјаска, периодично е активен од средината на декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top