Романецот Аврам Јанку, кој веќе 48 дена плива по Дунав, од планината Шварцвалд, со желба за 60 дена да го преплива целиот тек на реката до местотo каде што се слева во Црно Море, денеска стигна во Нови Сад.
Во оваа авантура се впуштил на 20 јуни кога влегол во Дунав во подножјето на Шварцвалд, а оттoгаш, пливајќи поминал низ Германија, Австрија, Словачка, Унгарија и Хрватска, со желба да го преплива целиот тек на реката во должина од 2.860 километри за 60 дена и да влезе во Гинисовата книга на рекорди.
„Романија влезе во Европска унија пред 10 години и тоа е една од причините зошто се одлучив на овој потфат, затоа што Дунав, кој поминува низ 10 држави и четири престолнини, на некој начин ја обединува цела Европа“, рекол Јанку.
Вели дека се чувствува добро, дека во Германија и во Австрија имал потешкотии и дека се соочил со бројни предизвици, но верува дека ќе стигне до целта.
„Во декември почнав со тренинзи за да бидам спремен. Вчера пливав 53 километри, а денеска до Штранд 34 и морам да кажам дека Дунав во Србија е многу попријатен отколку во Германија и Австрија, но не дозволувам времето да ми биде пречка, важно е да стигнам до целта“, рекол тој, кој инаку е библиотекар по професија.
Јанку е познат по тоа што успеал да го преплива Ламанш, пливајќи 18 часа без прекин, 62 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст