Безбедноста на туристите кои се превезувале со бродот објавен на Ѕидот на сообраќајниот срам не била загрозена во ниту еден момент, реагира охридската Капетанија.
Капетанот Горан Устијаноски во изјава за Република рече дека инспектори од Капетанијата веднаш излегле на терен и извршиле вонредна инспекција на бродот.
–Во моментот на проверка на бродот имаше 129 патници. Претходно биле истоварени 15, а сето тоа уредно е забележано во бродскиот дневник. Вкупниот број на патници не го пречекорува дозволениот број на патници на бродот, вели Устојаноски.
Капетанот Устаијаноски нагласува дека Капетанијата води грижа за безбедноста на пловилата и патниците во Охридското Езеро, а пловилото ги почитувало правилата.
–Слободното толкување на аматерски фотографии не оди во прилог ниту на работата и угледот на Капетанијата, ниту на туризмот во Охрид, а најмалку од се на довербата на патниците и безбедноста во Охридското Езеро, вели Устијаноски, кој најави дека Капетанијата ќе одржи прес-конференција во текот на утрешниот ден и ќе изнесе повеќе детали за случајот.
Тој апелира туристите да не си поигруваат со туѓата и својата безбедност, а медиумите да се воздржат од објавување фотографи кои можат секому да му наштетат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст