| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално: Стефан Ристовски во Спортинг Лисабон

Македонскиот репрезентативец и официјално ги засили редовите на гигантот од Португалија.

Заврши сагата и официјално околу 25 годишниот бек, Стефан Ристовски, тој преминува во редовите на тимот од Лисабон како позајмен фудбалер од Ријека, но Спортинг ќе има можност да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.

Информациите велат дека по целосниот откуп на неговиот договор со хрватскиот првак, Ристовски ќе биде во Спортинг Лисабон дополнителни четири години.

Денес дел од медиумите во Португалија излегоа со информација за тоа колку ќе чини откупот на договорот на Ристовски со Ријека, по крајот на сезоната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top