| четврток, 6 декември 2018 |

Рамос се спречка со Мурињо на пресот во Скопје

Серхио Рамос беше првиот претставник на Реал Мадрид кој се обрати пред присутните новинари во прес салата на „Филип Втори“, а всушност и човекот кој со посебен темерамент одговараше на прашањата кои му беа поставени, особено едно поврзано за Жозе Мурињо.

Еден од присутните новинари во Скопје го запраша Рамос дали Мурињо му ја насочил кариерата во позитивна насока со тоа што го врати на стоперската позиција во Реал Мадрид, а капитенот на Реал испровоциран од ова прашање, брзо и отсечно даде доста лут одговор.

-Не би рекол дека тој ми го смени животот, тој беше само уште еден тренер во мојата кариера. Настојував да учам од секој тренер, како во Мадрид, така и во Севилја, но мислам дека Мурињо немаше големо влијание на мојата кариера, – истакна Рамос кој исто така се потсети за интересот од Манчестер Јунајтед, клуб од кој пред неколку години го делеа само ситни детали.

– Морам да му се заблагодарам на Манчестер Јунајтед за интересот, тие се голем клуб. Сепак, јас сум задоволен од последниот договор што го потпишав со Реал Мадрид и мислам дека тоа ме однесе во друг правец, – концизно додаде дефанзивецот на „кралевите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top