Екипите на ЕВН Македонија и во идниот период ќе работат на санирање на 14 изгорени столбови во општина Чашка, Велес, информираат од компанијата.
-Снабдувањето со електрична енергија на корисниците од овој регион е овозможен преку времен приклучок, а што е можно поскоро се очекува и трајна санација на оштетата и решавање на настанатата ситуација. Истовремено, до крај на утрешниот ден се очекува и санирање на 5 изгорени столбови во Зелениково, се вели во соопштението од ЕВН.
Во меѓувреме, поради пожарите во Македонски Брод, а според проценка на екипите на ЕВН кои се на терен, изгорени се три столбови во село Могилец. Овој број на изгорени столбови се очекува да порасне бидејќи одредени локации се сеуште непристапни поради активните пожари кои не стивнуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст