Пратениците не сакаат на своја рака да го изменат законот за заштита од пушење. Една од темите која предизвика најжестоки дискусии на социјалните мрежи, прво ќе мине низ јавна дебата, а потоа ќе оди на одлучување пред народните избраници. Од владејачката СДСМ тврдат дека измените на никаков начин нема да ги нарушат правата и здравјето на непушачите. Предлогот е во затворениот дел од угостителските објекти и натаму да не се пуши, а во летните тераси да се пуши и зиме, кога се затворени со најлонски или стаклени прегради.
“Ние бараме независно од метереолошките услови, дали врне, дали вее, дали бура коси итн, тој дел да остане право на пушачите да го користат за пушење. Тоа е единствената измена. Сите шпекулации дека сакаме да го укинеме законот за заштита од пушењето во јавни простории, затворени простории, болници, театри, кина, железнички станици нема никаква врска.” – изјави Томислав Тунтев, СДСМ
Тунтев предложи Комисијата за здравство да организира јавна дебата. Од ВМРО ДПМНЕ се согласија со ова, велјќи дека на тој начин би требало да произлезе системско решение за овој проблем.
“Со вклучување на експертската јавност од сите профили, значи од медицинската фела, од инспекцискта фела, од угостителската за да престанеме еднаш со краткорочни закони кои после месец дена повторно ќе доаѓаат со промени.” – рече, Зоран Ѓорѓиевски, ВМРО ДПМНЕ
Од 28 држави во Европската Унија, во девет има целосна забрана за пушење во затворени простории. Според статистиката, 46 отсто од жителите на Македонија на возраст од 15 до 64 години се пушачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


