Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос на официјалната прес-конференција пред утрешниот УЕФА Суперкуп го потенцираше значењето на Кристијано Роналдо за „кралскиот клуб“, верувајќи дека ќе може да настапи против Манчестер јунајтед, без разлика што е само два дена со тимот на почетокот од новата сезона.
-Кристијано е клучниот играч за Реал Мадрид, и сите тоа добро го знаат. Верувам дека за него ќе нема никаков проблем да игра уште утре, без разлика што со тимот одработи само два тренинзи ова лето – рече Рамос, дополнувајќи и на темата дали Роналдо ќе го напушти Мадрид пред новата сезона.
-Тоа е лично прашање и сигурно не сакам сега да разговарам на таа тема. Но, Роналдо е тука со нас во овој момент и среќни сме што ќе го имаме во Македонија за дуелот со Јунајтед.
Рамос, како и неговиот соиграч Марсело, веруваат дека утре на „Телеком арената“ во Скопје може да се дојде допрвиот трофеј сезонава.
-Максимално сме подготвени. Секако не се поставува прашањето зошто сме дојдени во Скопје. Ја сакаме титулата во Суперкупот. Одигравме со Манчестер еден натпревар во предсезоната, но сега е сосема поинаква приказна. Ова е официјален натпревар со сосема различен мотив – рече Марсело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


