Полицијата приведе 41-годишен скопјанец – препродавач на билети за Супер куп. Тој нудел, рекламирал и се обидел преку интернет огласувачите да продаде две карти за Супер куп за сума од 600 евра. Оставил телефонски контакт и име што било доволно полицијата да изврши претрес во неговиот дом, да ги најде билетите и да го приведе лицето. Одземен му е компјутерот, телефонот и сим-картичката како докази во постапката. Според новите измени на кривичниот законик донесени поради Супер купот препродажбата на билети построго се санкционира и за тоа дело е предвидена парична казна или затворска казна до една година.
Извор: Телма
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


