| четврток, 6 декември 2018 |

Мај­ка Те­ре­за – све­ти­ца или из­мам­ник?

„Си­те свет­ци има­ат и гре­во­ви“, оваа мис­ла на ита­ли­јан­ски му­дрец нај­кра­тко и нај­пре­циз­но ја опи­шу­ва по­ен­та­та на сту­ди­ја­та изра­бо­те­на од гру­па ка­над­ски на­уч­ни­ци во ко­ја сил­но се кри­ти­ку­ва де­ло­то на Мај­ка Те­ре­за по­ра­ди неј­зи­ни­от „не­чо­веч­ки од­нос“ кон бол­ни­те и по­ра­ди тај­ни­те сме­тки на кои, на­вод­но, за­вр­шу­ва­ле па­ри­те од до­на­ци­и­те, ка­ко и за пре­наг­ла­се­но­ста на неј­зи­на­та ис­це­ли­тел­ска моќ. За овие об­ви­ну­ва­ња авто­ри­те, на­вод­но, има­ле мно­гу­број­ни до­ка­зи, кои, всуш­ност, по­ка­жу­ва­ле де­ка нај­го­ле­ма­та ху­ма­ни­тар­ка на си­те вре­ми­ња во­оп­што не би­ла „све­ти­ца“. На­уч­ни­ци­те твр­дат де­ка во про­це­сот на ка­но­ни­за­ци­ја што го пра­ви Ка­то­лич­ка­та цр­ква се за­бе­ле­жа­ни са­мо неј­зи­ни­те „хе­рој­ски под­ви­зи“ во кои се приз­на­ва при­сус­тво­то на Гос­под, но тие има­ле пи­ша­ни до­ка­зи, кои по­ка­жу­ва­ле де­ка под­ви­зи­те на Мај­ка Те­ре­за се, всуш­ност, „ква­зи­чу­да“.

„НЕЧОВЕЧКАТА“ СТРАНА НА МАЈКА ТЕРЕЗА

По 14 го­ди­ни од неј­зи­на­та смрт и де­сет го­ди­ни од бе­а­ти­фи­ка­ци­ја­та од стра­на на па­па­та Јо­ван Пав­ле Вто­ри, трој­ца пси­хо­ло­зи од уни­вер­зи­те­ти­те во Мон­тре­ал и во Ота­ва се оби­ду­ва­ат да го ур­нат ми­тот за Мај­ка Те­ре­за и по­зи­тив­на­та сли­ка што ја оста­ви зад се­бе.

– На­ши­те ана­ли­зи откри­ја фа­кти што се по­вр­за­ни со Мај­ка Те­ре­за и кои за неа при­ка­жу­ва­ат по­и­на­ква сли­ка од таа што во мо­мен­тов ја има све­тот, ве­ли ди­ре­кто­рот на сту­ди­ја­та Серж Ла­ри­ве, про­фе­сор по пси­хо­ло­ги­ја на Уни­вер­зи­те­тот во Мон­тре­ал.

Ла­ри­ве и не­го­ви­те ко­ле­ги Же­не­вие Ше­нард и Ка­рол Се­не­шал сво­и­те твр­де­ња ги те­ме­лат на сто­ти­ци­те из­ве­штаи за жи­во­тот и за ра­бо­та­та на Мај­ка Те­ре­за што ги истра­жу­ва­ле во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни. Tвор­ци­те на сту­ди­ја­та оче­ку­ва­ат нив­ни­от труд да пре­диз­ви­ка го­ле­мо вни­ма­ние низ све­тот. Спо­ред нив, од­лу­ка­та на Па­па­та Јо­ван Пав­ле Вто­ри да ја бе­а­ти­фи­ку­ва ми­си­о­нер­ка­та, би­ла ре­зул­тат са­мо на до­бро ор­га­ни­зи­ра­на рек­лам­на кам­па­ња. Па­па­та при овој чин со кој се по­ве­ду­ва по­стап­ка за неј­зи­но прог­ла­су­ва­ње за све­ти­ца, ја пре­ви­дел неј­зи­на­та „не­чо­веч­ка“ стра­на при тре­ти­ра­ње­то на си­ро­маш­ни­те и на бол­ни­те.

„Да гле­даш ка­ко ја из­др­жу­ва­ат нив­на­та суд­би­на е не­што пре­крас­но. Тие стра­да­ат ка­ко Исус Хри­стос расп­нат на крст со што до­а­ѓа­ат поб­ли­ску до не­го“. Ова е еден од ци­та­ти­те на Мај­ка Те­ре­за за­бе­ле­жан во пис­ма­та што би­ле истра­жу­ва­ни, што авто­ри­те на сту­ди­ја­та го об­ја­ви­ја ка­ко нај­а­ва за тоа што сле­ду­ва.

Истра­жу­ва­чи­те ве­лат де­ка во 517 бол­ни­ци и до­мо­ви за си­ро­маш­ни во по­ве­ќе од 100 др­жа­ви во све­тот има­ло мно­гу лу­ѓе што ги ос­по­ру­ва­ле неј­зи­ни­те де­ла.

„Ова се до­мо­ви за уми­ра­ње. Во нив лу­ѓе­то ги жи­ве­ат пос­лед­ни­те де­но­ви од сво­јот жи­вот во нај­ло­ши мож­ни, не­чо­веч­ки ус­ло­ви“. Ова е ед­но од све­дош­тва­та во сту­ди­ја­та, кое е на­до­пол­не­то со ци­та­ти од ле­ка­ри што ра­бо­те­ле во овие уста­но­ви, кои све­до­че­ле де­ка „бол­ни­те и си­ро­маш­ни­те ве­ге­ти­ра­ле во ужас­ни ус­ло­ви“.

Све­дош­тва­та об­ја­ве­ни во сту­ди­ја­та ве­лат де­ка су­ро­во­ста во овие ин­сти­ту­ции би­ла тол­ку го­ле­ма што на кри­тич­но бол­ни­те и на тие што би­ле на смрт­на по­сте­ла не им би­ло доз­во­ле­но да до­би­ва­ат ле­ко­ви про­тив бол­ки и нар­ко­ти­ци, па ду­ри не­ма­ле ни кре­ве­ти да се сме­стат.

 КАДЕ СЕ МИЛИОНИТЕ ШТО ГИ СОБРА СИТЕ ТИЕ ГОДИНИ?

Нај­поз­на­та­та ми­си­о­нер­ка во исто­ри­ја­та на чо­веш­тво­то, ко­ја во 1979 го­ди­на до­би Но­бе­ло­ва на­гра­да за мир, во те­кот на сво­ја­та дол­го­го­диш­на ху­ма­ни­тар­на ка­ри­е­ра со­бра­ла ми­ли­о­ни до­ла­ри од да­реж­ли­ви до­на­то­ри, но па­ри­те, на­вод­но, ги чу­ва­ла на тај­ни бан­кар­ски сме­тки. Мај­ка Те­ре­за, на­вод­но, одр­жу­ва­ла кон­та­кти со мно­гу сом­ни­тел­ни по­ли­ти­ча­ри, а еден од нив бил и ди­кта­то­рот од Ха­и­ти Фран­соа Ду­ва­лие, од кој во­оп­што не се дво­у­ме­ла да при­ма до­на­ции.

То­гаш ко­га во јав­но­ста про­тив неа ќе из­ле­зе­ле кри­ти­ки, Ва­ти­кан за­ста­ну­вал во неј­зи­на од­бра­на и по­ве­ду­вал сил­ни рек­лам­ни кам­па­њи за по­втор­но да ѝ се „ис­чи­сти“ име­то.

– Ка­де се ми­ли­о­ни­те што ги со­бра си­те тие го­ди­ни? Ова пра­ша­ње мо­ра да се по­ста­ви – ве­ли про­фе­со­рот Ла­ри­ве, кој се сом­не­ва де­ка, во нај­ма­ла ра­ка, овие до­на­ции во­оп­што не би­ле да­де­ни. Во за­пи­ша­ни­те све­дош­тва се ве­ли де­ка Мај­ка Те­ре­за би­ла да­реж­ли­ва во сво­и­те мо­ли­тви, но во­оп­што не би­ла та­ква ко­га ста­ну­ва­ло збор за па­ри.

– По ка­та­стро­фа­та во Бо­пал со тру­е­ње­то со гас во 1984 го­ди­на, но и во мно­гу­број­ни­те поп­ла­ви во Ин­ди­ја, на на­стра­да­ни­те во не­сре­ќи­те им бе­ше по­ну­де­но мо­ли­тви и ме­да­ли на Де­ви­ца Ма­ри­ја, но не до­би­ја ди­рект­на па­рич­на по­мош.

МИСИОНЕРКАТА ПРАВЕЛА „КВАЗИЧУДА“

Сту­ди­ја­та ду­ри го ос­по­ру­ва и ми­тот за ис­це­ли­тел­ни­те ра­це на Мај­ка Те­ре­за. Пис­ма­та до кои дош­ле про­фе­со­ри­те ја комп­ле­ти­ра­ле сли­ка­та за слу­ча­јот во кој ми­си­о­нер­ка­та ја из­ле­ку­ва­ла 40-го­диш­на­та Ин­диј­ка Мо­ни­ка Бе­сра од рак во ед­на од бол­ни­ци­те и тоа са­мо со по­мош на сво­и­те ра­це.

Ова слу­чај по­доц­на е на­ве­ден ка­ко ед­но од неј­зи­ни­те чу­да со кои се оправ­ду­ва­ше неј­зи­на­та бе­а­ти­фи­ка­ци­ја. Тоа што би­ло „про­пу­ште­но“ да се на­ве­де во опи­сот на чу­до­то бил фа­ктот де­ка же­на­та по­тоа би­ла пре­да­де­на во ра­це­те на ле­ка­ри и на мо­дер­на­та ме­ди­ци­на. По ме­ди­цин­ски­от трет­ман би­ло откри­е­но де­ка освен ци­ста во сто­ма­кот, има­ла и ту­бер­ку­ло­за. Се­пак, Ва­ти­кан ги иг­но­ри­рал овие фа­кти, пи­шу­ва про­фе­со­рот Ла­ри­ве.

При­каз­на­та на Бе­сра до­би свет­ска по­пу­лар­ност во 1998 го­ди­на, отка­ко же­на­та јав­но ка­жа де­ка би­ла из­ле­ку­ва­на од ту­мор бла­го­да­ре­ние на мо­ли­тви­те на Мај­ка Те­ре­за. Се­пак, де­сет го­ди­ни по­доц­на, Бе­сра, по­втор­но ја раз­бра­ну­ва јав­но­ста твр­деј­ќи де­ка се­стри­те што ѝ ве­ту­ва­ле по­мош за јав­но да ја со­оп­шти оваа вест ја оста­ви­ле на це­ди­ло и не до­би­ла ни­ка­ква по­мош.

– Мо­ја­та ко­ли­ба бе­ше пре­пол­на од се­стри од ми­си­о­нерс­тво­то пред бе­а­ти­фи­ка­ци­ја­та на Мај­ка Те­ре­за. Ми ве­ти­ја мно­гу и ме убе­ду­ваа де­ка фи­нан­си­ски ќе ми по­мог­нат и за обра­зо­ва­ни­е­то на мо­и­те де­ца. По­тоа ме за­бо­ра­ви­ја. Жи­ве­ам во бе­да. Мо­јот со­пруг е бо­лен. Мо­и­те де­ца ве­ќе не одат во учи­ли­ште за­тоа што не­мам па­ри. Мо­рам да ра­бо­там за да ги на­хра­нам мо­и­те пет де­ца и со­пру­гот – из­ја­ви Бе­сра.

За па­ра­до­ксот да би­де по­го­лем, со­пру­гот на Бе­сра бил ме­ѓу тие што го не­ги­ра­ат чу­до­то на Мај­ка Те­ре­за. Тој тоа го твр­дел уште во 2002 го­ди­на, 11 го­ди­ни пред да би­де изра­бо­те­на сту­ди­ја­та на ка­над­ски­те на­уч­ни­ци.

– Мно­гу прав за ни­што. Мо­ја­та со­пру­га е из­ле­ку­ва­на од ле­ка­ри­те, а не од Мај­ка Те­ре­за – твр­дел неј­зи­ни­от со­пруг Се­и­ку.

„ТАА НАПРАВИ МНОГУ, НО НЕ СЕ СТАНУВА СВЕТЕЦ СО ТОЛКУ“

И по­крај мно­гу­број­ни­те кри­ти­ки во сту­ди­ја­та, про­фе­со­ри­те приз­на­ва­ат де­ка Мај­ка Те­ре­за не ја здо­би­ла сво­ја­та по­зи­ци­ја во исто­ри­ја­та ка­ко ико­на на ми­ло­ср­ди­е­то са­мо со рек­лам­ни кам­па­њи и ме­ди­ум­ски про­па­ган­ди, ту­ку и де­ка мно­гу при­до­не­ла во бор­ба­та про­тив си­ро­ма­шти­ја­та во све­тот.

– Таа ра­бо­те­ше инс­пи­ри­ра­но и бе­ше инс­пи­ра­ци­ја за ра­бо­та­та на мно­гу дру­ги лу­ѓе. Таа, исто та­ка, на­пра­ви мно­гу во бор­ба­та про­тив си­ро­ма­шти­ја­та – ве­ли Ла­ри­ве, кој, се­пак, е мно­гу по­кри­ти­чен ко­га ста­ну­ва збор за чу­да­та на Мај­ка Те­ре­за:

– Таа на­пра­ви мно­гу, но не се ста­ну­ва све­тец со тол­ку – сме­та тој.

УШТЕ ЕДНО ЧУДО ДО СВЕТИЦА

Мај­ка Те­ре­за е ро­де­на во 1910 го­ди­на во Скоп­је. Неј­зи­но­то ро­де­но име е Аг­не­за Гон­џа Бо­ја­џиу, а израс­на­ла во ал­бан­ско ка­то­лич­ко се­мејс­тво. Во 1928 го­ди­на за­ми­ну­ва од Скоп­је во Даб­лин, а от­та­му во Бен­гал и во Кал­ку­та, Ин­ди­ја, ка­де што ста­ну­ва ка­лу­ѓер­ка и ра­бо­ти ка­ко на­став­нич­ка во учи­ли­ште. Во 1946 го­ди­на ре­ша­ва да се по­све­ти на по­ма­га­ње на си­ро­маш­ни­те, по што се пре­се­лу­ва во нај­си­ро­маш­ни­те де­ло­ви на Кал­ку­та. За кра­тко вре­ме го до­би­ва пре­ка­рот све­ти­ца на бед­ни­ци­те, а низ све­тот ја ши­ри сво­ја­та мо­ли­тве­на по­ра­ка „Све­тот не е гла­ден са­мо за леб, ту­ку уште по­ве­ќе за љу­бов“. Во 1950 го­ди­на го ос­но­ва ре­дот Ми­си­о­нер­ки на љу­бо­вта кон ближ­ни­от, кој де­не­ска има 3.000 се­стри и по­ве­ќе од 500 бра­ќа во по­ве­ќе од 100 зем­ји во све­тот. За неј­зи­но­то не­се­бич­но де­ло до­би Но­бе­ло­ва на­гра­да за мир во 1979 го­ди­на. Мај­ка Те­ре­за се гри­же­ла за си­ра­чи­ња, си­ро­маш­ни и за бол­ни пред смрт, осо­бе­но за бол­ни­те од ле­пра, сѐ до неј­зи­на­та смрт на 5 сеп­тем­ври 1997 го­ди­на. Па­па­та Јован Павле Втори из­вр­ши бе­а­ти­фи­ка­ци­ја за прог­ла­су­ва­ње на ху­ма­ни­тар­ка­та за све­ти­ца на 19 октом­ври 2003 го­ди­на, а за офи­ци­јал­но да би­де прог­ла­се­на по­треб­но ѝ е уште ед­но чу­до.

 

(Текстот беше објавен во 28.број на неделникот Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top