Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, на 31 август ќе го посети Скопје, информираат некои грчки медиуми, јавува дописникот на МИА од Атина.
Посетата на грчкиот шеф на дипломатијата беше најавена уште за време на престојот на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во Атина во јуни годинава.
Грчки медиуми, повикувајќи се на свои високи извори, тврдат дека прашањето за името ќе биде главна тема за која ќе разговараат министрите за надворешни работи на двете земји. Во грчките дипломатски кругови оваа посета на Коѕијас се смета за многу важна, особено што се реализира по средбата на грчкиот министер со медијаторот Метју Нимиц во Брисел.
„Прашањето за името ќе биде во фокусот на состанокот меѓу двајцата министри, со оглед на тоа што на нивната последна средба во Атина разговараа главно за мерките за градење доверба“, информираат некои портали во Грција додавајќи дека новата македонска Влада е многу активна и се очекува од есен да почне нови контакти во Брисел со кои ќе докаже дека земјата ги исполнува копенхашките критериуми за добрососедство и демократија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст