Холивудската актерка Амбер Херд се најде во центарот на вниманието кога го обвини сега веќе поранешниот сопруг Џони Деп дека ја претепал, а нивниот развод го проследија сите светски медиуми.
Се чини дека Амбер повторно нема среќа во љубовта, бидејќи сега ја остави и милијардерот Илон Маск. Како што пишуваат американските медиуми, 31-годишната Амбер е очајна поради тоа што Илон Маск ставил точка на нивната едногодишна романса.
– Раскина пред една недела. Дозна некои работи за нејзиното однесување, кои не му се допаднаа. Амбер е многу манипулативна, а понекогаш и себична. Илон е во Лос Анџелес, а таа е во Австралија – наведува близок извор за „Мејл“.
Илон Маск е „тежок“ околу 12 милијарди долари, а се збогати како соосновач на „Пејпал“. Творец е на електричниот автомобил „Тесла“ и сопственик на приватната вселенска агенција „СпејсИкс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст