
УЕФА нареди дека за време на Суперкупот на Европа, кој утре се игра во Скопје, ќе има паузи за „ладење“ на фудбалерите, поради високата температура во нашиот главен град.
Жешкиот бран „Луцифер“ ја зафати централна и јужна Европа, па се очекуваат тропски услови за игра на утрешниот меч на „Телеком арената“. Ако биде надимната температура од 32 степени, УЕФА ќе одреди паузи за вода на секој половина час од двете полувремиња, за да се заштитат фудбалерите.
Сепак, температурата во Скопје се очекува да се намали откако ќе зајде сонцето во вечерниот термин, па условите би требало да бидат добри за игра.
Поради ваквите жештини во овој дел од Европа долго време се разговараше дали воопшто треба да се закажува еден ваков натпревар во текот на летото.
Извор: Гол.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


