| четврток, 6 декември 2018 |

Мртов маж пронајден во бунар во Прилепско

Вчера во 14.00 часот на местото викано Орушица во Прилеп, во стар бунар за вода бил пронајден починат 52- годишен З.М од Прилеп.

Од страна на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.

Причина за смрт било задушување од издувните гасови од моторот за вода.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Прилеп и јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top