Никаде уцените на прислушувачите не проаѓаат неказнето, ама и тоа е можно само во Македонија. Наместо да се казнат тие што незаконски навлегуваат во приватните животи на другите, граѓаните стануваат жртви и се казнети за тоа што зборуваат по телефон. Ваква лакрдија не се памети. Вакво изигрување на законите исто така. Најстрашно од се е што правниците во земјата ова го оправдуваат посочувајќи некакви случаи од Судот во Стразбур. Исклучоците што можат да се најдат во праксата на Судот стануваат правила во Македонија спротивно на нашиот закон и на нашиот Устав и никој не реагира. Само и само да се задоволат желбите на Заев и Амбасадорот целиот правен систем се става на глава. Се прават тешки преседани што ја уништуваат вербата на граѓаните во правото и правната сигурност. Се дозволува криминалци да ни ја водат државата и да одлучуваат што е право што не е. Веројатно вака изгледа дуплото дно што го читаме во крими-романите – Тања Каракамишева- Јовановска ја коментира одлуката на скопска апелација со која се укина решението на Основниот суд во Скопје со кое беше одлучено нелегално прислушкуваните материјали да не можат да се користат во постапка.
Таа за „Курир“ вели дека по одлуката на Апелација со која се дозволи незаконски прислушуваните телефонски разговори да можат да служат како докази врз кои ќе се засноваат судските одлуки се започнува нова ера во македонскиот правен систем каде незаконието се смета за право, а правото за незаконитост.
Експертите велат дека апелациониот суд со укинувањето на решението на Основен суд одлучи спротивно на закон и го прекрши чл. 12 ст.2 од законот за кривична постапка, дозволувајќи како никаде во светот, нелегално прислушувани материјали да можат да се користат во постапка. Членот од законот е јасен и концизен и истиот не дозволува незаконски прибавени докази – односно докази кои не се прибавени во официјална кривична постапка – да бидат дел од постапка.
„Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука“, стои во чл.12 ст.2 од Законот за Кривична Постапка на Република Македонија.
Наспроти ова, Апелација молчи и не реагира за законската снимка за случајот „Поткуп“ обезбедени со ПИМ мерки, која одбраната на Заев бара да биде изземена од доказите.
На последното рочиште за случајот „Поткуп“, адвокатот на Заев, Филип Медарски побара издвојување на доказите прибавени со Посебните истражни мерки за случајот „Поткуп“. Одбраната бара од доказите да биде изземено видеото на кое се гледа како Заев од позиција на градоначалник на општина Струмица бара поткуп од бизнисмен во висина од 163.000 евра. И додека од една страна додека Судот молчи за барањето на одбраната на Заев оваа законско снимка биде изземена од доказите, Апелација, во екот на годишните одмори носи скандалозна одлука која според правните експерти претставува преседан и со која се руши правниот систем, а граѓаните влегуваат во нова неизвесност – и сето тоа заради политичкиот интерес и притисок на СДСМ и нивните партнери, на кој потклекнаа судиите од Апелација. Веќе никој не е сигурен дека нема да биде шпиониран, следен, прислушуван од агентите на Заев и Верушевски и воедно претставува стимулација на сите да снимаат и уценуваат.
Професорката Каракамишева вели дека политиката повеќе не се води според Уставот и законите туку „според уцените на Заев и неговите пајташи“.
-Заев со прислушуваните приватни разговори што никој нема храброст да му ги одземе ја држи цела Македонија во раце. Заев станува главен манипулатор во политиката и во правниот систем преку непочитување на правото, а неговата политика на уценување главна алатка за спроведување на антимакедонските политики. Заев е над Уставот и над законите во Македонија. Тој е и над македонското судство. Ваква рашомонијада од правен систем и непочитување на законите какво што го имаме во последните три години не се памети во историјата на македонскиот правен систем. Станува нормално нешто што во ниту еден правен систем во Европа не се смета за законито, смета универзитетската професорка.
Никаде во светот, нагласува таа, незаконски прибавени материјали не се сметаат за докази, ама ете тоа е дозволено во Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст