Луѓето кои многу јадат заситени, таканаречени лоши масти, кои на пример ги има во путерот или во говедското, имаат повеќе шанси да развијат рак на белите дробови во однос на лицата кои практицираат диети со сиромашни масти, покажало едно ново истражување.
Во споредба со возрасните кои не внесувале многу масти во исхрната, луѓето кои јадат најмасна храна имаат 14 отсто поголеми шанси за рак на белите дробови, утрврди едно истражување. За сегашните и поранешните конзументи на цигари дополнителен ризик за рак на белите дробови, како резултат на масната исхрана е 15 отсто. Во споредба со возрасните кои не внесувале многу масти, луѓето кои јаделе најмасна храна имале 14 отсто поглеми шанси за рак на белите дробови, покажало истражуањето.
– Ако најдобар начин за намалување на ризикот на рак на белите дробови е престанување пушење на цигари, здравата храна исто така може да придонесе за намалување на ризикот на појава на рак на бели дробови – изјави коавторката на студијата Дансја Ју од универзитетскиот медицински центар во Нешвил, Тенеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст