| четврток, 6 декември 2018 |

Детокс вода за намалување на килограмите

Сакате да ги намалите килограмите? Или, пак, сакате да го исчистите вашето тело од лошите состојки? Водата збогатена со билки, овошје и so зеленчук е одлична за тоа.

Како да ја подготвите? Во бокал или стаклено шише со вода, додајте ги овие различни состојки. Ова се неколку рецепти.

Вода со краставица – помага во исфрлање на токсините, ги победува воспаленијата и го подобрува варењето. Едноставно исечкајте ја краставицата на мали парчиња и додајте ја во 1 литар вода.

Вода со портокал – ги исфрла токсините и го подобрува имунолошкиот систем. Исечете 1 голем портокал на парчиња и ставете го во 1 литар вода.

Вода со грејпфрут – ги исфрла токсините, помага во намалувањето килограми, го подобрува варењето, содржи антиоксиданти и помага во намалување на холестеролот. Исечете 1-2 плодови грејпфрут и ставете ги во водата.

Вода со лубеница – ги победува воспалителните процеси, ги исфрла токсините, го подобрува имунолошкиот систем, го подобрува крвотокот.

Вода со лимон или лимета – ги исфрла токсините, ја подобрува кожата, го подобрува имунолошкиот систем, придонесува за слабеење. Исечете 1-2 лимони и додајте ги во водата.

Вода со јаболко – спречува рак, ја намалува телесната тежина, ги исфрла токсините, го подобрува имунолошкиот систем. Доколку сакате да ослабете можете да додадете и цимет.

Вода со нане – ја победува депресијата, го подобрува варењето и ги намалува болките во стомакот. Додајте свежо нане во водата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top