| четврток, 6 декември 2018 |

Браќа се степале, па се искасапиле

Вчера во полициската станица во Струга било пријавено дека во Медицинскиот центар бил донесен О.Н. (31) од Струга кој бил повреден со нож во пределот на стомакот.
Од разговорот со О.Н. полицијата дозна дека дошло до физичка пресметка со неговиот брат Т.Н. (28), кој во еден момент извадил џебен патент нож и му нанел неколку убоди во пределот на стомакот и избегал.

По целосно расчистување и документирање на настанот против Т.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top