| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски државјанин со две малолетни деца учествувал во тешка сообраќајна несреќа (ФОТО)

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загубило животот, а четворца се повредени. Несреќата се случила вчера во близна на селото Туман кај градот Круја во централна Албанија, јавува МИА.

Во несреќата учествувале комби возило натоварено со овошје, зеленук и други прехранбени артикли, во кое имало две лица, и автомобил БМВ во кое патувало семејство на Албанци од Македонија. Во директинот судар, тешки повреди добил возачот на комби возилото З.Т.(38), кој бил транспортран во Воената болница во Тирана, каде починал како последица од повредите, потврдила полицијата за телевизија Ора њус.

Според истот извор, повредени биле совозачот во комбито, Е.Д.(34), жител на северниот албански град Кукс, како и патниците во автомобилот со кој управувал македонскот државјанн В.М.(41), неговите две малолетни деца ( 9 и 12 ), како и неговата мајка Ф.М.(63).  Сите повредени се вон животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top