Денеска повторно, би сакал да се осврнам на еден дел од штетниот договор помеѓу Македонија и Бугарија, кој што го потпиша господинот Заев и господинот Борисов. Најпрвин да кажам дека овој договор за Бугарија со задоволство и како еден добар победник и политичар можеше да го потпише господинот Борисов и го стори тоа, изјави на прес-конференција Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Но за жал ваквиот договор за Македонија е штетен и потписот на господинот Заев оди на штета на македонското национално достоинство и на долгорочните интереси кои што ќе произлегуваат како последици од овој договор. Денес би се осврнал на штетниот член 8 од македонско – бугарскиот договор за добро соседство кој што утврдува дека во рок од 3 месеци од влегувањето во сила на договорот, договорните страни ќе формираат заедничка експертска историско образовна комисија, рече Милошоски.
Замислете, што ќе работи оваа историско образовна комисија ако во неа членува познатиот бугарски националист господинот Божидар Димитров или некој сличен на него, или некој сличен на господинот министер Каракачанов.
-Тие ќе се занимаваат единствено и само со македонските учебници, со македонските текстови, со македонските медиуми, со македонските личности од историјата и сегашноста. И ќе бараат нивно соодветно толкување или корегирање. Сметаме дека оваа мешовита историско образовна комисија наместо да расправа за работи за иднината и добрите односи и перспективи кои што Македонија и Бугарија треба да ги имаат, ќе разговара за минатото. И минатото ќе го преточува во дневно политички проблеми, рече Милошоски.
И пак ќе повторам да претпоставиме дека во Република Бугарија денес, утре, за две или три години ќе има евро-скептична влада или влада која што ќе нема да биде во добри политички или сестрински односи со политичката партија владејачка во Република Македонија.
-Во таков случај договорот и посебно оваа историско образовна комисија бугарската страна ќе може да ја користи за да отвора непостоечки или контраверзни прашања и нивното не решавање да го претставува како предуслов или доказ за нивно легално блокирање на македонските евро-атлански аспирации. Не менувањето на еден учебник од македонското образование според теркот на Божидар Димитров или слични националисти од Бугарија è отворање или затворање на поглавје од страна на Македонија со ЕУ, изјави Милошоски.
Затоа сметаме дека овој договор е штетен, дека овој член 8 навистина можел да биде со многу подобар текст но само доколку господинот Заев и министерот за надворешни, Димитров прифатеа опозицијата да биде вклучена и да ги земат во предвид нашите конструктивни и суштински предлози.
-Одговорноста за сегашните и за наскоро идните последици од ваквите штетни клаузули во договорот македонската јавност има можност да ја види. Но додека не се случат овие претпоставени и очекувани штетни дејствија кои што можат да ги обременат дополнително македонско – бугарските односи, ја повикуваме владата и пратениците на СДС во Собранието додека има време да се повлечат од овој договор и да направиме многу подобар поизбалансиран текст кој што нема да го злоупотребува минатото за да ја блокира иднината на Македонија, заклучи Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст