ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира на одлуката на Апелацискиот суд за, како што велат, незаконски прибавени докази да бидат дел од постапката, со што директно се прекршува законот за кривична постапка.
– Ова е сериозен и незаконски преседан. Апелациониот суд пред неколку дена потклекна под притисокот на СДС и СЈО, донесе одлука која се коси со Уставот и законот на Република Македонија. Со скандалозната одлука судот најдиректно го прекрши законот за кривична постапка, кој во член 12 став 2 вели дека „Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука, изјави денеска пред Апелациониот суд Зоран Илиоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, одлуката на судот е со цел да се врши политички прогон на неистомислениците на власта и истовремено да се дефокусира јавноста од, како што рече, погрешните и антидржавните политики кои се на директна штета на македонските национални и државни интереси.
– Судиите од апелација потклекнаа на притисокот и се обидоа да создадат димна завеса која треба да ги покрие противуставниот закон за двојазична Македонија и штетниот договор со Бугарија. Тоа е целта, јавноста да се занимава со ваквиот судски срам и да се насочува да гледа кон ВМРО додека СДС ги руши сите темели на македонската држава, додаде Илиоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст