На магистралниот пат А-4 Струмица-Радовиш, поточно на делницата од с.Радичево до с.Владевци, вчеравечер се случила сообраќајна незгода во која Б.Е.(42) од с.Раклиш-Радовиш, управувајќи патничко моторно возило „Волксфаген Поло“, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Во незгодата која се случила петнаесет минути пред 20 часот, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот К.К.(29) од с.Раклиш, кој по укажаната лекарска помош во Медицински Центар-Струмица е префрлен во Ургентен Центар-Скопје на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст