| четврток, 6 декември 2018 |

Утре и задутре посебен сообраќаен и пешачки режим околу стадионот

Министерството за внатрешни работи ја информираше јавноста дека поради одигрувањето на суперкупот на УЕФА (закажан за 08.08. на фудбалскиот стадион – Арена “Телеком“ во Градскиот парк во Скопје) од утре (07.08.) ќе биде воведен посебен сообраќаен и режим за возила и пешаци за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот.

Притоа од утре во 08,00 часот па се до завршување на натпреварот, односно до 09.08. на потегот од крстосниците на улиците “Аминта Трети“ (поранешна “Ленинова“) и “Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се пропуштаат исклучиво лица и возила кои имаат соодветна акредитација од организаторот на мечот- УЕФА.

Исто така, на денот на натпреварот, во зависност од интензитетот на сообраќајот, не е исклучена можноста од затворање за сообраќај и на булеварот “Илинден“ на потегот од објектот на Владата на РМ до крстосницата со улицата “Рузвелтова“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top