| четврток, 6 декември 2018 |

Не ми го пипај шорцот – жени во Турција побараа слобода во облекувањето

Неколку стотици Турчинки се собраа на митинг во Анкара, барајќи слобода во облекувањето, по серијата напади врз жените низ Турција, јави Франс прес.

Демонстрантите, шетаа низ главните улици на Анкара носејќи го слоганот „Не ми го пипај шорцот“ и „Не ми се мешај во облеката“ повикувајќи ги мажите да не ги напаѓаат поради начинот на кој се облекуваат.

– Излеговме на улица за иднината на нашите деца. Од сега па натаму почесто ќе нè има на улиците – изјави една од организаторите, Рукије Акер.

Последниве неколку месеци во Турција се случија неколку напади врз жени, особено во јавниот транспорт.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган неделава пропиша и како осомничените ќе смеат да бидат облечени во судница. „Пучистите“ ќе носат комбинезони, а „терористите“ панталони и кафеави сакоа, одреди турскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top