Велика Британија е подготвена да плати 40 милијарди евра во рамки на договор со Брисел за излегување од Европската унија, објави Сандеј телеграф.
Според весникот, кој се повикува на владини извори, Лондон е подготвен да ја плати таа сума како дел од поголема зделка во која би било и потпишување трговски договор со ЕУ.
ЕУ предлага Лондон да плати околу 60 милијарди евра за покривање на преземените обврски кон буџетот на заедницата и бара постигнување значителен прогрес за британските финансиски долгови пред да почнат преговорите за такви сложени прашања како што е идниот трговски договор.
– Знаеме дека ставот на ЕУ е 60 милијарди евра, но…нашата позиција е 30 милијарди евра и прифатливо би било и 40 милијарди евра, иако се уште не е дојдено до таа состојба, вели изворот за весникот.
Друг извор тврди дека Британија нуди минимум 30 милијарди и максимум 40 милијарди евра, а трет нагласил дека Тереза Меј сака да плати „над 30 милијарди евра“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст