| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија загуби и од Шведска

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 18 години) претрпеа нов пораз откако попладнево загубија во натпревар за пласман од 13-16.место од селекцијата на Шведска и утре во дуел за 15.место ќе играат против Романија. Шведска славеше победа со 80:67 (27:10; 19:19; 15:22 и 19:16).
Исто како и на вчерашниот натпревар со Портигалија, кои нашите јуниори го загубија и денеска во дуелот со Шведска слабиот почеток беше причината за поразот. Во првата четвртина противникот постигна 27 поени, а Македонија само 10.
Во нашата репрезентација тројца играчи имаа двоцифрен број поени: Лука Стојановски 17, Павле Михајлоски 15 и Дамјан Крстевски 13.
Нашиот утрешен ривал Романија денеска во натпреварот за пласман загуби од Чешка со 72:66.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top