| четврток, 6 декември 2018 |

Сите ја мислат во доцните 30 години, а таа е двојно постара-Прати го најде еликсирот на младоста

Благодарение на здравата исхрана и редовното вежбање, италијанската актерка Памела Прати често ја мислат за жена која се наоѓа во доцните 30-те години од животот.

Но, реалноста е малку поинаква кога се во прашање нејзините години – актерката со своите 58 години се наоѓа на работ од раситнување на 7-то десетлетие.

Позната е по својата актерска кариера, а има работено и како водителка, модел и пејачка. Нејзиниот младешки изглед за неа обезбеди армија од фанови на Инстаграм, каде ја следат околу 125.000 корисници.

Италијанските медиуми се толку импресионирани од нејзиниот изглед, што метафорично пренесуваат дека го има пронајдено „еликсирот на младоста“, но нејзината тајна лежи во здравата исхрана и здравиот животен стил кој вклучува многу вежбање, пренесува Daily Mail.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top