Срамно и погубно решение, кои широко ѝ ги отвори вратите на идејата за федерализација на Македонија е противуставниот Предлог-закон за јазици, кој уште во членот 1 се коси со Уставот на Македонија. Веста дека Владата го усвоила овој предлог-закон први ја објавија на Фејсбук министрите и пратениците Албанци, секако на албански јазик. Министерот и вицепремиер Бујар Османи најпрво му се заблагодари на Али Ахмети во моментот кога влада го гласаше предлог – законот за употреба на јазиците: Faleminderit Ali Ahmeti
Доцна синоќа, на дваесеттата седница на Владата беше усвоен Предлог-законот за употребата на албанскиот јазик, со што и официјално започнува воведувањето на двојазичност на целата теротирија на Македонија. Двојазичноста е првиот од трите чекори за конечна федерализација на земјата.
Во одобрената верзија се предвидува двојазичност на униформите на полицијата, пожарникарите и здравствените работници во општините со најмалку 20% Албанци и во Градот Скопје.
За униформите:
„Униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.“
http://republika.mk/741864
За двојазичност на униформите на Армијата ќе се бара мислење од Венецијанската комисија. Исто така, законот предвидува парите и поштенските маркички да содржат симболи значајни за Македонците и за Албанците.
За парите и поштенските марки:
„Книжните и кованите пари како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.”
Ова значи дека не се предвидува албанскиот да се користи и на парите, туку само на нив да се аплицирата елементи значајни за Албанците. Според нашите информации, за разлика од Уставот, во законот експлицитно се наведува терминот „албански јазик“. Имено, во Уставот актуелно не се споменува албанскиот јазик, туку само формулацијата „јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“.
Во членот 1 од законот се наведува:
Член 1
На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.
Исто така, се предвидува граѓаните да имаат право да употребуваат било кој од наведените службени јазици и нивните писма. Институциите ќе имаат обврска да им овозможат на граѓаните да ги користат и применуваат тие службени јазици. Инаку, предлог-законот е можно веќе утре да биде испратен во парламентарна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прилепчани излегоа на улиците на протест против двојазичноста (фото)
-
Неверојатни 1,7 милиони евра народни пари ќе не чини законот за јазици
-
Повеќејазични патни ознаки утринава се поставуваат пред сите поважни институции
-
Што предвидува донесениот Закон за употреба на јазици? Двојазични униформи, уплатници и бандероли…