| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов ќе се „печеме“ на температура од 42 степени

Македонија е длабоко навлезена во портокалова фаза. Топлото време продолжува и викендов.Се очекува престојниве два дена да биде најтопло, со температура од околу 42-от степен.

Иако постојат можности од ново зголемување на температурите и нивно задржување во наредниот период, синоптичарите смируваат – опасност од преминување на портокаловата фаза нема.Министерството за здравство препорачува од аботни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата постари од 60 години. Да се избегнуваат активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да се одмора под сенка и да се внесуваат доволно течности.

Од понеделник во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност. УВ индексот и натаму ќе биде многу висок со вредност 9. Според прогнозираните температури во наредните денови повеќе региони од земјава ќе бидат во портокалова фаза во однос на опасноста од високи температури.

И во наредните денови не очекуваат температури над 40 степен, алармираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top