| четврток, 6 декември 2018 |

Данскиот принц не сака да биде погребан покрај сопругата

Принцот Хенрик, сопруг на данската кралица Маргарета, објави дека нема да биде погребан покрај својата сопруга во катедралата во Росклид, каде данските монарси се погребуваат од 1559 година.

Кралицата (77) ја прифатила одлуката на сопругот, но тоа не ги променило нејзините планови за погребот. Таа веќе има нарачано специјален саркофаг за нив двајцата во катедралата.

Од кралската палата не ги соопштиле причините за ваквата одлука на Хенрик, но се знае дека принцот (83), кој е роден во Франција, долго жалел за тоа што не станал крал место неговата сопруга, која ја носи круната од 1972 година.

Со уставните промени во 1953 година и на жените им е овозможено да го наследат престолот, што ѝ го отвори патот на Маргарет.

Хенрик минатата година се повлече од јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top