Драган Спасов – Дац е новиот вршител на должност директор на Македонскиот народен театар (МНТ). Тој доаѓа на местото на досегашниот прв човек на националниот театар Дејан Пројковски.
Дац кој целата кариера ја градеше во Драмски театар, лани стана член на ансамблот на МНТ. Тој ја играше насловната улога во „Тартиф“ во режија на Бугаринот Галин Стоев.
Пројковски во октомври 2015 беше назначен за директор на МНТ. Претходно, тој четири години беше уметнички директор на националната театарска куќа. Пројковски беше режисер на „Вечната куќа“ претстава со која се отвори новиот објект на МНТ. За своите претстави, во Македонија и во странство е наградуван со високи награди. Освен во МНТ, работеше и во театарите низ Македонија, како и во Русија, Хрватска, Црна Гора…Под негово раководство во МНТ беа внесени новини кои го збогатија репертоарот, како што беше славењето на Нова Година, прославата на Денот на вљубените… МНТ првпат постави лиценциран мјузикл („Чикаго“) за кој се бараше билет повеќе, гостуваа светски режисерски имиња, претставите на МНТ добиваа награди по фестивалите, се востанови МНТ Фест, се возобнови детската сцена. Премиерите беа распродадени недели однапред, се играа по неколку претстави на ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Валентин Светозарев искористи изгорени дрва од пожар за сценографија на „Орестија“ во режија нан Пројковски
-
Дејан Пројковски ја режира „Орестија“ на „Сплитско лето“
-
Дејан Пројковски за претставата „Ромео и Јулија“ доби театарски „Оскар“ во Турција
-
„Човекот и огнот“ во режија на Дејан Пројковски со огромни овации на фестивалот „Табризим“ во Иран