Во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид на 04 август, во 20 часот, ќе биде промовиран романот „Доилката“ од Лилјана Пандева. Воведна реч на промоцијата ќе одржи поетот Славе Ѓорѓо Димоски, а промотор на книгата е проф. д-р Кристина Николовска. Романот „Доилката“ од Лилјана Пандева е носител на наградата „Стале Попов“ на ДПМ за 2016 година.
Романот „Доилката“ од Лилјана Пандева е напишан со вонредна умешност и зрелост, прочистеност и есенцијализираност на книжевниот стил. Лилјана Пандева романескната љубовна приказна ја сместува во средновековието и ја испишува со вонредна лирска драматичност. Древната балканска легенда за жртвувањето, авторката на извонреден уметнички начин ја трансформира во современо книжевно остварување со висок дострел.
Авторката Лилјана Пандева за романот „Доилката“ има кажано дека „на некој начин тоа е современ роман кој се базира на факти и на историска приказна, која се случила многу одамна“.
Лилјана Пандева е автор и на романите „Од агендата на Калина Калин“, „Канцелариски колумни“ и „Возовите од Луцерн“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст