Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во вестите на ТВ 24 истакна дека СДСМ спроведува политики кои се на штета на македонските национални како и државни интереси. Во моментов ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија, изјави и пресови се обидува на јавноста да и даде до знаење дека политиките на СДСМ се негативни и штетни и на тој начин да бидеме опозиција која е конструктивна, додаде тој.
Тој потенцираше дека содржината на договорот кој СДСМ го потшиша со Бугарија и декларацијата која е потпишана во 1999 помеѓу владата на ВМРО-ДПМНЕ и Бугарија е различна. Како најважна разлика помеѓу договорот и делкарацијата е фактот што декларацијата е од необврзувачки карактер и е документ на разбирање. За разлика од декларацијата, договорот е обврзувачки и треба да се ратификува во македонското собрание. ВМРО-ДПМНЕ според Мицкоски не е против договор со Бугарија кој ќе биде симетричен како и добрососедски односи кои се изградени на принципиелна основа.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ преку неколку сугестии поврзани со договорот за добрососедство со Бугарија беше доставен до владата на Заев изјави Мицкоски. Заев целосно ги игнорираше сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа игнорираше значителен дел на македонскиот народ.
До владата на СДСМ бил доставен документ со компаративна анализа за точките кои во договорот треба да се промената за тој да не биде на штета на македонскиот народ, но ниедна точка не е прифатена. Доколку СДСМ ги приватеше предлозите и тие беа имплементирани во договорот, тој ќе добиеше на симетрија и баланс и ќе беше подеднакво добар за двете држави, вели Мицкоски.
Вистина е дека во 90 проценти договорот беше договорен од ВМРО-ДПМНЕ, но оние 10 проценти кои ги договори СДСМ се клучните точки кои се на штета на државата. Бугарија со овој договор доби право кое Македонија го нема, а тоа е да се меша во внатрешните работи на Македонија. Мицковски потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш бил принципиелен и се однесува на заштита на македонските национални и државни интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи