| четврток, 6 декември 2018 |

Освоил милиони на лото, а не се јавува да ги земе парите

Четврти пат годинава некој на “Еуромилионс“ во Велика Британија освои џекпот, а најновиот има 173 дена да се јави и да ги подигне парите.

Среќниот добитник не се јавува веќе една недела, иако, ако ги земе парите ќе биде богат како Ед Ширен, на пример, пренесува „Скај њуз“. Стануа збор за 51.702.049 фунти. За споредба Ед Ширен вреди околу 54 милиони фунти.

Добитната комбинација е 5, 9, 29, 31, 41 и дополнителни броеви 2 и 4.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top