| четврток, 6 декември 2018 |

Завршува реконструкцијата на топловодот на ул. „Народен фронт“ во Капиштец

При крај се активностите за реконструкцијата и дислокација на магистралниот вод Е2 од дистрибутивната мрежа за топлинска енергија на БЕГ, кој поминува низ населбата „Капиштец“ по должината на улицата „Народен фронт, соопшти Дистрибуција на топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје.

Во текот на вечерните часови екипите ангажирани од БЕГ ќе ги завршат последните два прекопа преку оваа улица, со кои корисниците се поврзуваат со магистралниот вод кој е во реконструкција.

Од БЕГ најавуваат дека по завршување на оваа активност, веднаш ќе почне враќањето на улицата „Народен фронт“ во првобитна состојба.

Во текот на оперативната изведба, екипите на ангажираните изведувачи на работите наишле на непредвидени препреки, како и неплански поставени подземни инсталации чие санирање, како што се наведува, одземаше дополнително време, надвор од предвидениот рок.

БЕГ информира дека во рамки на својата инвестициска програма за 2017 година спроведуваат активности за модернизација и ревитализација на дистрибутивната мрежа во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top